ОПКОЛЕНИ СМЕ Голем руски конвој се движи кон Киев (ФОТО)

Не можеме да евакуираме цивили, бидејќи сите патишта се блокирани. Моментално сме опколени. Само што разговарав со претседателот Зеленски. Никој не се чувствува добро, изјави Кличко за американски медиуми

1,552

Евакуацијата на цивилите од Киев сега не е возможна. Главниот град на Украина е опколен,  изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Дека Русите се блиску до Киев покажуваат и сателитските снимки од американската компанија „Максар Технолоџис“ каде конвој возила и тенкови долг 5 километри е снимен на 64 километри од главниот град.

EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT

 






– Не можеме да евакуираме цивили, бидејќи сите патишта се блокирани. Моментално сме опколени. Само што разговарав со претседателот Зеленски. Никој не се чувствува добро – изјави Кличко за американските медиуми.

Кличко призна дека властите во главниот град не успеваат целосно да ги контролираат вооружените доброволци во единиците за територијална одбрана.

– Да бидам искрен, немаме стопроцентна контрола над вооружените единици на доброволци – рече Кличко, нагласувајќи дека Киев е на раб на хуманитарна катастрофа.

– Засега во нашите домови имаме струја, вода и парно. Но, инфраструктурата за дистрибуција на храна и лекови е уништена – додаде тој.

 

 

Поврзани содржини