ОПКОЛЕНИ НАД 400 СТРАНСКИ ПЛАТЕНИЦИ ВО МАРИУПОЛ Русите велат дека нив не ги штити меѓународното право

Најголем дел од нив се државјани на европските земји и на Канада, рече рускиот генерал и додаде дека платениците, според меѓународното хуманитарно право, немаат заштитен статус.

1,676

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле 400 странски платеници кои се борат на украинска страна, пренесува агенцијата РИА Новости.

– Вкупно, според информациите што ги добивме од украинските војници кои се предадоа, на територија на фабриката „Азовстал“ во моментот се опколени до 400 странски платеници – изјави генерал Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.






Најголем дел од нив се државјани на европските земји и на Канада, рече рускиот генерал и додаде дека платениците, според меѓународното хуманитарно право, немаат заштитен статус.

– Сега, во најдобар случај ги чека долга затворска казна – порача Конашенков.

– И претходно известивме дека разговорите меѓу милитанто во Мариупол се водат на шест странски јазици. Во случај на натамошен отпор, сите ќе бидат уништени – заклучи рускиот генерал.

Поврзани содржини