Опиум, чудотворен лек за сѐ, морфиум и алкохол за никнување на запчиња

Значајна тема меѓу старомодните совети за родителите во 19.век, било избегнувањето зелена храна. Опиумот се користел како чудотворен лек за сите болести, а посебен смирувачки сируп од алкохол и морфиум, честопати им се давал на децата чии заби растат. Читањето не било препорачливо како забава за деца

417

Лидија Чајлдс во својот водич од 1831 година „The Mothers Book“, напишала: „Додека му растат забите, на детето не смее да му се дава ништо зелено за грицкање“. Во тоа време, било вкоренето мислењето дека детето никогаш не смее да јаде нешто што содржи „жолти или зелени пигменти“ или да пие зелен чај. Било речено дека „зелениот чај ги прави луѓето нервозни, а особено младите не би требало да знаат што е тоа нервоза“.

Ги советувале родителите добро да внимаваат нивните деца да не ставаат во уста ништо што има зелена боја, што всушност било добар совет во тоа време. Имено, во 19 век, арсенот се користел за сликање на разни предмети во темнозелена боја.






Посебен смирувачки сируп честопати им се давал на децата чии заби растат, па затоа се немирни. Откриено е дека двете главни состојки во „смирувачкиот сируп на г-ѓа Винслоу“ се морфиум и алкохол. Овој производ бил пласиран на пазарот како средство за ублажување на болката и дијарејата, а во 1868 година биле објавени податоци за продажба на дури 1,5 милиони шишиња годишно.

Во тоа време, како домашен лек често се користела и живата. Во прирачникот „Домашна книга за здравје и медицина“ од 1834 година, живата се споменува како лек за секоја болест, но на читателите им се препорачува да ја користат со претпазливост. Живата тогаш била честа состојка во многу лекови, и најчесто се користела во кремите против пеги.

Опиумот пак се користел како еден вид „чудотворен лек“ што може да излечи која било болест. Се продавал како средство против болки, но родителите им го давале и на своите бебиња и мали деца кога сакале малку тишина или кога биле настинати.

Според советите за родителите од 19 век, читањето во никој случај не било добра забава за децата и „така не би требало да го поминуваат своето време“.

Исто така, на родителите им било препорачано да не купуваат играчки за своите деца, туку малите да си ги прават сами за да го исполнат слободното време. Некои од старите идеи за играње биле правење колачи од кал и сечење хартија во форма на кукли или некои детали од природата.

Непослушните деца требало да бидат „полиени со ладна вода“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини