ОПИНЧАР СО ФАКУЛТЕТ! Охриѓанецот Крсте Белев има намера да работи до стотка

Охриѓанецот Крсте Белев, по желба на неговиот татко „да има барем еден учен во семејството“, дипломирал на Правниот факултет во 1990 година, но наместо како правник, веќе 30 години работи како опинчар и ја продолжува семејната традиција.

1,006

Ако прошетате низ охридската чаршија, не можете да го одминете дуќанот на Крсте Белев, кој тој го наследил од неговиот татко Ѓорѓи и од чичкото Милан Белев.

Чичко му работел како опинчар до својата 96-та година и неговата слика стои во дуќанот откако тој, пред две години починал.






По неговите стапки оди и нашиот соговорник, господин Крсте кој иако веќе има наследник, поточно, наследничка, не планира да престане со работата.

„Ќерка ми која е инаку, професорка по италијански јазик и зетот, ќе го продолжат занаетот, но и јас не мислам да претанам да работам и ќе терам како чичко ми, речиси до стотка“, вели Крсте и додава: „оти да не работам, не ми фалит ништо“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

Поврзани содржини