Операта во Сиднеј се дезинфицира поради Том Хенкс и Рита Вилсон откако се заразиja со коронавирус

319

Славната оперска куќа во Сиднеј (Sydney Opera House)денеска објави дека ги дезинфицирала своите простории откако холивудската продуцентка Рита Вилсон, сопругата на Том Хенкс, настапила таму во саботата, кои се позитивни на коронавирус.

Вилсон имала музички настап во саботата навечер во салата Utzon Room , при што ја гледале и слушале 207 луѓе , вклучително и сопругот Том Хенкс.






Двократниот добитник на Оскар и неговата сопруга се првите светски познати личности позитивни на вирусот.

Хенкс на Твитер напиша дека тој и неговата сопруга се тестирале на коронавирус во Австралија, каде што работи на филмот, откако почувствувале замор и болки со лесна температура.

„Се чувствувавме малку изморени, како да имаме настинка и болка. Да бидеме јасни, како што во моментов се препорачува, се тестиравме за коронавирус и излезе позитивен“, напиша Хенкс.

Тој исто така објави дека обајцата ќе бидат „тестирани, набљудувани и изолирани“ онолку колку што е потребно.

Откако дознале дека двојката е позитивна на коронавирусот, Операта во Сиднеј контактирала со здравствените власти, спонзорите и персоналот кои биле во контакт со нив.

„Оттогаш, воведовме бројни мерки безбедност, вклучително и чистење на сите области со силна болничка дезинфекција“, се вели во соопштението од Операта.

Поврзани содржини