ОПЕРАЦИЈАТА ЌЕ ТРАЕ СО ДЕНОВИ, ПОГОДИВМЕ И НАУЧНИЦИ За Нетанјаху нападот врз Иран е „историски“

Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Натрупуваме достигнувања. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни, рече израелскиот претседател.

430

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека ненадејниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“ и дека операцијата ќе трае со денови.

– Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Натрупуваме достигнувања. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни – рече тој во видео обраќање, во присуство на министерот за одбрана Израел Кац, министерот за стратешки прашања Рон Дермер, министерката за финансии Безалел Смотрих, шефот на партијата Шас, Арјех Дери и министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, пренесува Тајмс оф Израел.






Нетанјаху порача дека Израел се наоѓа во одлучувачки историски момент.

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека неговата земја има „исконско право и света должност да се брани“.

Шефот на државата ја даде изјавата во врска со масовниот воздушен напад на израелската армија врз Иран, насочен кон објекти во иранската нуклеарна програма.

– Израел има исконско право и света должност да се брани. И секогаш ќе го прави тоа со решителност и категоричност – рече Херцог.

Тој додаде дека Израел извршил операција против непосредна и суштинска закана за неговиот народ.

Поврзани содржини