📷 „OPEL“ ВРАЌА ПОЗНАТО ИМЕ ВО СВОЈАТА ГАМА Пристигнува новата целосно електрична „Frontera“
Фокусирани на иднината, од страна на „Opel“, новиот модел наречен „Frontera“ ќе биде претставен подоцна оваа година.
Компанијата од Руселсхајм, Германија, „Opel“ го најави враќањето на името „Frontera“ во 2024 година и тоа на целосно новиот SUV модел на брендот. Новата Frontera, која ќе биде претставена подоцна оваа година, ќе биде забавен автомобил со паметни функционални карактеристики. Ќе прикаже нова робустна интерпретација на смелата и елегантна дизајнерска филозофија на „Opel“ и ќе биде првиот сериски автомобил од германскиот бренд, што ќе го носи новиот „Blitz“ на „Opel“. Новата „Frontera“ ќе биде достапна како електрично возило од самиот почеток.
– Името „Frontera“ идеално прилега на нашиот нов возбудлив SUV модел. Новиот опелов модел ќе има самоуверен карактер и ќе биде позициониран токму во сржта на пазарот – изјави извршниот директор на „Opel“, Флориан Хутел.
Новата „Opel Frontera“ ќе располага со огромен простор и разноврсност и на тој начин ќе им се допадне на клиентите кои сакаат авантури, како и на семејствата. Овој нов модел ќе ја продолжи долготрајната традиција на „Opel“ да овозможува мобилност и биде широко достапен за клиенти преку својата атрактивна цена.
Оваа година, заедно со пристигнувањето на електричната верзија на новата „Frontera“, планирано е промовирање на најновата генерација на „Opel Grandland“, исто така во целосно електричната верзија. Ова ќе означи важна пресвртница во транзицијата на брендот од Руселсхајм, кон целосно електричен бренд. „Opel“ притоа ќе понуди, барем по една електрична верзија од целата своја гама.
Широкиот асортиман на „Opel“ електричните модели започнува од четирициклот „Rocks Electric“, „Corsa Electric“, „Mokka Electric“, „Astra Electric“ и „Astra Sports Tourer Electric“, до новите „Combo Electric“ и „Zafira Electric“. Денес, веќе се достапни електрични верзии и од целото портфолио на комерцијални возила, вклучувајќи го новиот „Combo Electric“, новиот „Vivaro Electric“ и новиот „Movano Electric“.
Во наредните недели, „Opel“ ќе ги прикаже првите слики од новата „Frontera“, заедно со подетални информации за новиот модел.