OPEL MOKKA Е ЗБОГАТЕНА СО НОВ СТИЛ И БОИ Ново искуство за купувачите

Новите металик бои, сината Kolibri, зелената Tropika и еднобојната сива Graphik според компанијата ќе пдоролжат да привлекуваат „особено кога непогрешливите бои формираат карактеристичен контраст со опционалниот покрив обоен во црна Karbon и опционалниот црн капак на моторот“.

87

Опел ги промовира новите бои и стилови на својот познат SUV модел Opel Mоkka. Во соопштение до јавноста, компанијата вели дека новата Mokka е модерна, компактна и дополнета со стилски елементи.

„Популарниот SUV на Opel отсекогаш имал моќен карактер, а неодамна е збогатен уште повеќе. Ова не се должи само на изострениот дизајн, туку и на трите дополнителни нови бои на каросеријата кои сега се достапни за Mokka. Тие навистина го истакнуваат овој компактен SUV“, порачуваат од Опел.






Новите металик бои, сината Kolibri, зелената Tropika и еднобојната сива Graphik според компанијата ќе пдоролжат да привлекуваат „особено кога непогрешливите бои формираат карактеристичен контраст со опционалниот покрив обоен во црна Karbon и опционалниот црн капак на моторот“.

Во текстот се нагласува дека „новата Opel Mokka е привлечна, смела и самоуверена во секој поглед. Особено впечатливите бои совршено му прилегаат на овој карактер“ и дека затоа боите биле додадени во понудата.

Nikola Kalabic, раководител на тимот за управување со тековните SUV возила изјави дека „купувачите сега можат да изберат смели бои за нивната Mokka кои исто така ја изразуваат нивната личност“.

Понатаму во соопштението се опишуваат нови бои и нивните карактеристики:

„Живописни бои: новите завршни обработки го нагласуваат смелиот карактер на Mokka Opel Mokka се осмелува да биде различна од прв поглед. Самата боја сина Kolibri, како стандардна, ја прави новата Mokka апсолутно привлечна! Купувачите можат да ја изберат темно сината боја за секоја верзија на Mokka без дополнителни трошоци. Ако сакате да бидете малку подискретни а подеднакво карактеристични, можете да се одлучите за сивата Graphik, која ги истакнува контурите на новата Mokka“, велат од Опел.

На германскиот пазар, за оваа и за сите други бои се доплаќаат 650 евра.

„А купувачите кои сакаат да ја пренесат идејата за одржлива мобилност во свеж, нов изглед со нивната Mokka можат да се одлучат за зелената Tropikal“, додаваат од Опел.

Според написот на компанијата, бојата го симболизира пристапот „Greenovation“ на Opel и во исто време ја буди желбата за спортско, ефикасно управување.

„Новата Mokka е ефикасна и штеди ресурси во многу аспекти. Намерно се откажуваме од хромирани елементи и дизајнерски апликации на каросеријата, додека во ентериерот се користат ткаенини и навлаки направени од материјали со рециклирана содржина. На пример, достапна е навлака за седишта изработена од новиот материјал ReNewKnit™“, велат од Опел за новите стилски ефекти кај моделот.

За новата навлака во соопштението се вели дека го пренесува висококвалитетниот изглед на кожа и дека е полесна за рециклирање.

Исто така, купувачите на Mokka можат да изберат да возат без емисии со целосно електричната Mokka Electric или привремено со Mokka Hybrid со 48 V технологија.

Моделот содржи и нов дигитален инфозабавен систем, кој според компанијата, го заокружува модернизираното искуство при возењето со Mokka.

„Невообичаена, оригинална и секогаш високо ефикасна, покрај напредните технологии и изборот на погони, карактеристичните нови бои исто така придонесуваат за ова искуство со Mokka“, заклучуваат од Опел.

Поврзани содржини