(ОБНОВЕНО) САНКЦИОНИРАНО ЛИЦЕТО КОЕ СО „ОПЕЛ“ ВОЗЕШЕ ВО ПАРК Преземени се сите законски мерки (ВИДЕО)

Возилото продолжува да вози кон еден од мостовите над водените канали, но тука видеото завршува.

2,123

Пронајдено и санкционирано е лицето кое со автомобил „Опел“ возеше по црвената тартан патека инаку наменета за џогирање и пешачење во градскиот парк во Скопје, потврдија од МВР. Претходно, на социјалните мрежи проструи видео од прекршокот. Се работи за извесен П.Л.(20) од Скопје.

„Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции“, се вели соопштението.

 






 

Поврзани содржини