ОПАСНОСТА ОД НУКЛЕАРЕН КОНФЛИКТ СЕГА Е НАЈГОЛЕМА Сѐ повеќе земји ќе поседуваат нуклеарно оружје и Западот го турка човештвото кон глобална катастрофа, предупредува Медведев

Ситуацијата е таква што дури и во случај на целосен прекин на конфликтот поради таканаречената Украина, нуклеарното разоружување во наредните децении би било невозможно, рече поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев.

377

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека во наредните години сѐ повеќе земји ќе имаат атомско оружје бидејќи Западот го турка човештвото кон Трета светска војна, индиректно водејќи војна против Русија во Украина.

Медведев оцени дека опасноста од нуклеарен конфликт никогаш не била поголема.






– Ситуацијата е таква што дури и во случај на целосен прекин на конфликтот поради таканаречената Украина, нуклеарното разоружување во наредните децении би било невозможно – рече Медведев.

Според него, светот ќе создаде нови видови деструктивно оружје и новите земји ќе имаат нуклеарни арсенали.

Нуклеарно оружје имаат САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.

Поврзани содржини