ОПАСНОСТ ОД СУДАР ВО ВСЕЛЕНАТА Американско вселенско летало и руски сателит се премногу блиски

Иако се очекува леталата да се разминат, судирот може да резултира со големи остатоци, соопшти НАСА.

431

Американското Министерство за одбрана го следи блиското поминување на вселенското летало на НАСА, TIMED од рускиот сателит Козмос 2221, објави Американската вселенска агенција НАСА.

„Иако се очекува леталата да се разминат, судирот може да резултира со големи остатоци“ – стои во соопштението од НАСА.






Американската вселенска агенција извести дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со Министерството за одбрана.

Во соопштението за медиумите не се наведува колку леталата ќе се приближат едено до друго, но се проценува дека леталата кои не може да се маневрират, би требало да бидат најблиску едно до друго на надморска височина од околу 600 километри.

Мисијата TIMED го проучува влијанието на Сонцето и луѓето врз мезосферата на Земјата, долната термосфера и јоносферата.

Поврзани содржини
na