Опасност од цунами по силниот земјотрес во Пацификот

Епицентарот на земјотресот бил на 548 километри од Нуме, главен град на Нова Каледонија на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.

493

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан меѓу Австралја и Фиџи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 548 километри од Нуме, главен град на Нова Каледонија на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.






По тој земјотрес следувале уште три земјотреси со јачина од 5,7 до 6,1 степени во рок од еден час.

Американскиот центар за предупредување за цунами издаде предупредувања за цунами во Американска Самоа, Вануату, Фиџи и Нов Зеланд.

За Хаваи и Австралија нема опасност од цунами.

Поврзани содржини