Опасни сме! Македонија ѝ воведе санкции на Никарагва

Како што е наведено во одлуката објавена во Службен весник, станува збор за финансиски мерки и за забрана за влез на граѓаните од Никарагва во Македонија, кои се воведуваат на неопределено време.

1,657

Владата донесе одлука од денеска Македонија да ѝ се придружи на Европската унија со воведување рестриктивни мерки за Никарагва поради, како што е наведено, состојбата во оваа држава од Средна Америка.

Како што е наведено во одлуката објавена во Службен весник, станува збор за финансиски мерки и за забрана за влез на граѓаните од Никарагва во Македонија, кои се воведуваат на неопределено време.






Во последниот број на “Службен весник на РСМ” бр.26 од 01.02.2021 објавени се следните прописи:

Декларации, заеднички позиции и демарши на Европската Унија кон кои се придржува/прифаќа Република Северна Македонија на покана на ЕУ.

– Одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/607 на Советот од 4 мај 2020 година за изменување на Одлуката (ЗНБП) 2019/1720 за рестриктивни мерки во однос на состојбата во Никарагва – стои во објавата.

По објавата во Службен весник, оваа одлука на Владата стапува на сила денеска.

Поврзани содржини