ОПАСНИ БУГАРСКИ И ТУРСКИ ШАМПОНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР Запленети и уништени 70 производи

Санитарните инспектори заплениле 70 пакувања во различна големина или вкупно 26,8 литри небезбедни шампиони без податок за датум на производство.

395

Небезбедни шампони за коса произведени во Бугарија и во Турција пронајдени се во промет во продавници во Македонија. Козметичките производи со поминат рок на употреба и без датум на производство, се запленети и уништени на депонијата во Крива паланка.

„На градскате депонија во Крива Паланка, во присуство на државен санитарен и здравствен инспектор, на 26 јануари е извршено поништување на небезбедни козметички производи најдени во промет“ – информираа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).






Како што појаснуваат од ДСЗИ, станува збор за шампони за коса со поминат рок на употреба и несоодветни означувања, без податок за датум на производство.

Санитарните инспектори заплениле 70 пакувања во различна големина или вкупно 26,8 литри од небзбедните шампони од бугарско и турско производство.

Поврзани содржини