Опасната бура Медикејн пристигна во Грција – ќе дува ветер до 180 км/ч, а ќе падне и снег

Источните делови на Пелопонез и копното би требало да се подготват за посебно силни бури во петок попладне и до сабота наутро, предупредува ЕМИ.

1,880

Снежни бури и многу силни ветрови ќе погодат многу делови од Грција утре попладне и ќе траат до сабота, предупредила Националната метеоролошка служба (ЕМИ).

Во вонредниот билтен објавен во текот на вчерашниот ден, од ЕМИ навеле дека островите од јужното Јонско Море и западен Пелопонез ќе бидат првите кои ќе ги почувствуваат промените на времето од запад, со дождови и многу силен ветер.

Есенското време ќе се прошири и на исток до петок – вклучувајќи ја и грчката престолнина – и островот Еубоеја, и ќе дојде до Западна Кикалада нешто подоцна.

Источните делови на Пелопонез и копното би требало да се подготват за посебно силни бури во петок попладне и до сабота наутро, предупредува ЕМИ.

Во меѓувреме, Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги советува жителите и посетителите да не излегуваат надвор доколку тоа не е неопходно и да ги следат прогнозите ако планираат да се занимаваат со активности на отворено, како кампување, планинарење и слично.

Како што пишува „Телеграф”, станува збор за хибридната бура Медикејн, а се стравува дека ударите од ветер би можеле да одат и до 180 километри на час, правејќи бранови високи и по 10 метри.

– Многу опасна бура се формира над Медитеранот во овој момент, а нашите претпоставки се дека ќе биде многу силна. Ваквите бури ги нарекуваме Медикејн, или медитерански ураган – тврди метеорологот Александар Бјорн.

Тој вели дека пикот на бурата се очекува во петок, кога ветровите би можеле да дуваат со брзина и до 180 километри на час.

Поврзани содржини