ОПАСНА ТЕНЗИЈА НАД БАЛТИКОТ Германски воени авиони пресретнале руски извидувач по наредба на НАТО

721

Два авиона ловци „Јурофајтер“ (Eurofighter) од германските воздухопловни сили биле кренати во воздух во вторникот за да пресретнат руски извидувачки авион кој се наоѓал во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, објави Дојче веле.

Наредбата за пресретнување на авионот Ил-20, кој летал со исклучени транспондери и без поднесен летен план, ја издала командата на силите на НАТО. Германските ловци полетале од воздухопловната база Росток-Лаге.






Оваа операција претставува веќе десетто вонредно полетување на германските воздухопловни сили над Балтичкото Море од почетокот на годината.

Ситуацијата во Балтичкиот регион во последно време се заостри поради обиди за шпионажа и претпоставени акти на саботажа. Руски извидувачки авиони повеќепати полетувале од Калининград за собирање информации за воената активност на земјите од НАТО на брегот на Балтичкото Море, особено во Полска, Германија, Данска и во Шведска.

Таквите летови се сметаат за дел од „руската тактика на воено заплашување и собирање разузнавачки податоци“, пишуваше претходно германскиот весник „Билд“.

Поврзани содржини