ОПАСНА ТАКТИКА ИЛИ ПОВРЕДА? Ѓоковиќ без Мастерс турнир пред УС Опен
Голем број од најдобрите тенисери и тенисерки ги откажаа настапите на Мастерс турнирите пред УС Опен, предизвикувајќи загриженост во спортскиот свет.
На Мастерс турнирите во Торонто и Синсинати се забележа голем број откази од страна на врвни тенисери и тенисерки, што го загрозија нивниот статус како главна подготовка за Грен слем турнирот во Њујорк.
Директорот на Мастерсот во Торонто, Карл Хејл, изјави дека Новак Ѓоковиќ и Скот Дрејпер го пропуштија турнирот поради повреди, што според него не претставува проблем. Но, отсуството на други ѕвезди како Карлос Алкараз, Јаник Синер и Арина Сабаленка ја создава непријатна ситуација која не е за поздравување. Хејл потенцира дека играчите треба да имаат целосен увид во значењето на турнирите и да размислуваат за „целата слика“.
Интересен е и фактот дека кога Ѓоковиќ во минатото пропуштал Мастерс турнири, не успевал да освои титула на УС Опен, што го прави неговото отсуство од овие подготовки особено забележливо.