📷 ОПАСНА СПЕРМА СТИГНАЛА И ВО МАКЕДОНИЈА, НЕКОИ ДЕЦА ВЕЌЕ ПОЧИНАЛЕ Донатор со мутација станал татко на 197 деца

Страв и паника кај семејствата низ Европа кои користеле донорска сперма по шокантната истрага на Би-Би-Си.

1

Европска истрага откри дека анонимен донатор на сперма, кој несвесно носел опасна генетска мутација поврзана со рак, со години продавал примероци низ Европа и станал биолошки татко на најмалку 197 деца. Спермата на овој човек била испратена и во Македонија, како што покажува мапата објавена од Би-Би-Си, а од регионот се Унгарија, Србија, Грција и Албанија.

Донаторот несвесно носел генетска мутација која драстично го зголемува ризикот од малигни заболувања, а спермата му била користена во 67 клиники за ин витро оплодување во 14 европски земји. Некои од децата родени од оваа донација веќе починале, додека другите се соочуваат со висок ризик од развој на тумори во текот на животот.






Европската банка за сперма во Данска соопшти дека донаторот и неговото семејство биле асимптоматски, а мутацијата не била откриена со конвенционални генетски тестови. Откако биле известени за ризикот, донаторот веднаш бил блокиран. Банката истакна дека неговата сперма била искористена повеќе отколку што требало во некои земји.

Првите донации се случиле во 2005 година, кога човекот бил студент. Иако бил здрав и поминал медицински тестови, дел од неговите сперматозоиди носеле мутација во генот TP53, која го зголемува ризикот од рак, познат како синдром Ли-Фраумени. Синдромот носи до 90 проценти ризик од развој на малигни заболувања, особено во детството.

– Тоа е ужасна дијагноза, исклучително тешка за семејствата. Животот со тој ризик е катастрофален – истакнува генетичарката Клер Тернбул од Лондон.

Поради оваа состојба, пациентите се подложени на годишни МРИ скенирања, абдоминални ултразвуци и кај многу жени се превземени превентивни мерки како отстранување на градите за намалување на ризикот.

Бројката на погодени деца е значително поголема отколку што првично се мислело. На почетокот на истрагата биле следени 67 деца, од кои 23 имале мутација, а на 10 веќе им бил дијагностициран рак. Сега, најмалку 197 деца се идентификувани, при што веројатно бројот е поголем поради недостасување податоци од некои земји.

Иако спермата не била продадена во Хрватска и Велика Британија, семејствата во регионот, вклучително и Македонија, добиле примероци од овој донатор. Би-Би-Си објави мапа со земјите погодени од оваа донација, при што Македонија е меѓу нив.

Фото: Би-Би-Си

Отсуство на глобални регулативи

Не постои меѓународен закон што го ограничува бројот на деца по донатор, па во Белгија, на пример, е дозволено спермата да се користи за до шест семејства, додека во овој случај 38 различни жени родиле 53 деца само во Белгија. Европската банка за сперма ги призна ексцесите и започна разговори со надлежните институции во Данска и Белгија.

Поврзани содржини