ОПАСНА ПСИХОЗА ВО ВРВОТ НА СДСМ Деспотовски го масакрираат, со сите се караат – Героски координира ли нешто или пак е на скијање?

„Со десетици илјади наши искрени и посветени другари, јас бев, сум и останувам СДСМ“, објави Јован Деспотовски, додавајќи дека за ова однесување на „моментното раководство“ на СДСМ некој ќе мора да понесе одговорност.

2,618

Јован Деспотовски останува во СДСМ, се вели во неговата реакција на соопштението од, како што вели, „моментното раководство на СДСМ“.

Претходно, коментирајќи ја драматичната објава дека преминува во ЗНАМ, Деспотовски напиша:






„Ова не е однесување на мојата матична партија. Ова е однесување на поединци кои моментално ја раководат, спротивно на нејзините вредности и традиција. Штетата не е лична – штетата е за целата партија.Ќе барам одговорност за секој што го валка мојот образ, но и за секој што ја навредува и валка СДСМ!“

По острата реакција на ЗНАМ за однесувањето на СДСМ, штабот на Бихаќка се огласи со соопштение во кое најави трансфер на Јован Деспотовски во партијата на Максим Димитриевски:

„Партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер лигата.

Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници.

Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро“.

Деспотовски возврати со објава на Фејсбук, во која пишува:

„Поединци од моментното раководство на партијата продолжуваат да се кријат и да го користат големото име на СДСМ за сопствена агенда и лични потреби.

Нема да учествувам во креирањето на поделби и ‘копањето на ровови’ во СДСМ. Тоа не им носи корист ниту на СДСМ, ниту на државата. Оние што тоа го прават, без разлика на која функција се наоѓаат сега, ќе понесат одговорност за ова однесување.

Заедно со десетици илјади наши искрени и посветени другари – јас бев, сум и останувам СДСМ“.

СДСМ не запира со навредите на сите кои што не се согласуваат со актуелното раководство на чело со Венко Филипче. Оваа објава на Деспотовски и објава на новинарот Бранко Героски, преходно маркиран како „координатор на сите напади кон СДСМ“, биле „спонзорирани од Алта банка“, тврди Бихаќка.

Героски за ова вели:

– СДСМ продолжува со секојдневните напади врз мене, спомнувајќи ме, навредувајќи ме и клеветејќи ме на дневна основа. Тоа покажува дека паниката во оваа партија пред претстојниот конгрес на 24 јануари е голема. Иако, еве, како „координатор на сите напади врз СДСМ“, немам информации дека на конгресот ќе се случи нешто спектакуларно. Но, изгледа дека неколку луѓе на Бихаќка западнале во опасна психоза и дека можеби им е потребна и стручна помош да се извлечат од неа.

Поврзани содржини