ОПАСНА ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР Има повредени, еден се бори за живот
МВР го потврди вооружениот инцидент и информира дека било пукано од возило „пасат“.
Вооружен инцидент се случи вечерва во скопската населба Чаир.
Според првичните информации, било пукано во близина на маркетот „Веро“ во оваа населба.
Од огнено оружје е отворен оган кон маж со иницијали А.Б. кој се здобил со четири прострелни рани и е во тешка здравствена состојба е префрлен во Клиничкиот центар каде се бори за својот живот.
Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди, а на терен се присутни и специјалци.
Вооружената престрелка ја потврди и МВР.
„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.