Опасна медуза во Јадранското Море: Повредите тешко се лекуваат и се крајно болни!

Изгледот на оваа медуза, велат од здружението, не е причина да не пливате во морето.

577

Во заливот Велика Колумбарица на хрватскиот полуостров Камењак, забележана е морска медуза од типот Pelagia noctiluca, која во контакт со луѓе остава повреди слични на изгореници, пренесува српскиот портал Новости.

Изгорениците тешко се лекуваат и се болни. На местото на повредата останува депигментација на кожата или дури и лузна.






Здружението „Еко море Медулин“ објави дека станува збор за релативно мала медуза, со полукружна капа и розови точки. Таа расте до 20 сантиметри во должина, а живее на длабочина до 10 метри под површината на водата, каде што лебди и повремено плива.

Изгледот на оваа медуза, велат од здружението, не е причина да не пливате во морето. Сепак, тие дале цела листа на совети како да постапите во случај да наидете на „месечината“.

Поврзани содржини