Опасен чад се издига над Атина, гори фабрика за рециклирање пластика

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, освен што соопштија упатства до граѓаните, испратија порака до мобилните телефони на жителите на Атина, преку бројот за итни случаи со која предупредуваат за опасниот чад.

321

Голем пожар избувна утрово во фабрика за рециклирање пластика во предградието Метаморфоси во северниот дел на Атина, затворен е дел од автопатот кон Ламиа, додека пак посебна загриженост предизвикува густиот отровен чад, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, освен што соопштија упатства до граѓаните, испратија порака до мобилните телефони на жителите на Атина, преку бројот за итни случаи со која предупредуваат за опасниот чад.






„Затворете ги сите врати и прозорци. Избегнете движења. Пожар во фабрика за пластика во вашиот регион, опасен чад. Вдишувњето на чадот може да биде опасно“, пишува во пораката.

Дополнително, со упатства за граѓаните кои живеат во близина излезе и периферијата Атика.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 49 пожарникари со 14 возила, два хеликоптери, волонтери и цистерни од општината.

Поврзани содржини