ОПАДНА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА Најниска стапка во Луксембург, највисока во Унгарија

На месечна основа, годишната стапка на инфлација падна во 25 земји-членки на Унијата, во Хрватска остана на 8,3%, а во Германија порасна на 6,8% од мајските 6,3%.

477

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни изнесува 5,5%, што е намалување во однос на мајската која беше 6,1%, објави Евростат.

Најниска годишна стапка на инфлација во јуни е забележана во Луксембург – еден процент, Белгија и Шпанија – по 1,6%, додека највисока е во Унгарија – 19,9%, Словачка – 11,3% и Чешка – 11,2%.






На месечна основа, годишната стапка на инфлација падна во 25 земји-членки на Унијата, во Хрватска остана на 8,3%, а во Германија порасна на 6,8% од мајските 6,3%.

Во Европската унија, јунската инфлација, од 7,1% во мај, падна на 6,4%, додека во јуни минатата година беше 9,6%.

Поврзани содржини