ОПАЃА ПРОМЕТОТ ВО ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА, ВОЗИЛА И СО ГОРИВО Во септември повеќе сме купувале облека, мебел и други производи

Трговијата на големо и на мало моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка бележи намалување за 4,2%, а трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли бележи раст од 4,1%. 

661

Прометот во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во септември бележи годишен пад од 0,8% номинално. Реално овој пад изнесува 7,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека прометот во трговија на мало со непрехранбени продукти без гориво, номинално е зголемена за 12,1%, а реално за 7,6%.






Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7%, а реално за 0,1%.

Податоците покажуваат дека прометот во трговија на мало со автомобилски горива се намалил реално за 1,5%, а номинално за 0,8%.

Трговијата на големо и на мало моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка бележи намалување за 4,2%, а трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли бележи раст од 4,1%.

Индекси на прометот и стапки на промена (номинални и реални) во секторот Трговија, септември 2025 година, претходни податоци, 2021 = 100
Стапки на промена, номинални
IX.2025
IX.2024
Стапки на промена, реални
IX.2025
IX.2024
Номинален
индекс
IX.2025
Ø2021
Реален индекс IX.2025
Ø2021
45 Трговија на големо и на мало моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка -4.2 133.1
46 Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 4.1 133.4
47 Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 4.4 -0.2 129.9 101.1
             Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун -0.8 -7.1 122.5 84.0
             Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво 12.1 7.6 133.6 109.3
             Трговија на мало, освен трговија со горива 5.7 0.1 128.2 95.8
             Трговија на мало со автомобилски горива -0.8 -1.5 137.6 124.0

Извор:ДЗС

Поврзани содржини