ОПАЃА НИВОТО НА РЕКИТЕ Состојбата по обилните врнежи е стабилизирана

0

Состојбата по обилните врнежи низ земјата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и во Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање, соопшти Ценарот за управување со кризи (ЦУК).

Одронот на патот Битола – Кичево кај селото Железнец е целосно расчистен.






Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат, водостоите се во благо опаѓање.

Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Струмица, Тетово и во Куманово нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките. Сите региони се во стабилна состојба.

 

Поврзани содржини