ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА ПОСЛЕ КОВИД Како да се лечи оваа состојба?

Опаѓањето на косата е чест постковид симптом кој ги погодува многу прележани, а еве и како да се лечи

927

Опаѓањето на косата после прележан ковид-19, уште на почетокот на пандемијата се покажа како една од забележителните последици на заразувањето со вирусот, а дури ни сега, кога е доминантен поблагиот вид на сојот омикрон, многу луѓе после прележаната инфекција со месеци губат цели прамени на коса, особено при миење и чешлање.

Косата опаѓа бидејќи нашето тело кога имаме толку тешка инфекција, практично е во еден физиолошки стрес. Во такви случаи, нашето тело штеди на структури како што е косата, која е помалку битна. Едноставно доаѓа до скратување на хранливите материи за самата коса. Косата на тоа реагира така што, бидејќи ѝ недостигаат многу хранливи материи, престанува да расте и влегува од фазата на раст во фаза на опаѓање.






Покрај физичкиот стрес предизвикан од вирусот, психолошкиот стрес е и еден од факторите кои придонесуваат за опаѓање на косата. Пациентите обично се соочуваат со овој проблем откако ќе заболат, дури и неколку недели подоцна, а стручњаците велат дека може да трае неколку месеци, па до една година. Лошата вест е дека опаѓањето на косата не може да се запре во овој период. Добрата вест е дека кога косата ќе престане да опаѓа, новата коса почнува да расте многу брзо.

Најчесто совет од експертите за пациентите е да почекаат малку, па потоа да одат на преглед, да видат дали влакната веќе почнале да растат спонтано.  Во меѓувреме, препораки се лосиони против опаѓање и раст на косата и конзумирање на намирници кои помагаат во формирањето и зајакнувањето на косата – исхрана богата со протеини, витамини Ц и Д, цинк и со селен.

Од природните препарати, маслото од рузмарин и маслото од нане се докажани како ефикасни. Маслата може да се нанесуваат еднаш или двапати неделно, да се втриат во скалпот и да се измијат следниот ден. Дури и пантенолот на база на витамин Б помага. Сепак, додека кај оние кои имале нормална густина на косата пред короната, таа лесно се обновува, кај пациенти кои веќе имале проблеми со опаѓање на косата, короната може драстично да го влоши проблемот.

Кога оштетувањето на косата е примарно оштетено поради инфекција, нејзиниот потенцијал за спонтана регенерација е многу послаб. Секогаш мора да се прави преглед и терапија против опаѓање на косата и терапија за стимулирање на раст, како и мезотерапија. Ваквите пациенти мора посериозно да внимаваат на косата, бидејќи доколку не го решат проблемот, проретчувањето дополнително ќе се интензивира.

Поврзани содржини