Опаѓа бројот на хоспитализирани, во болница се лекуваат 1.072 пациенти со ковид-19

Во центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од вирусот, а вкупно 459 лица сомнителни и потврдени случаи се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

439
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.072 и има околу 300 празни кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од вирусот, а вкупно 459 лица сомнителни и потврдени случаи се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.





Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти, во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 89 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 80, во Гостивар 38, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациенти, во Кочани 39, во Кичево 20, во Кавадарци 20, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни.
Во последното деноноќие, на интерните клиники во Скопје имало вкупно 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, по еден пациент на ОРЛ и на Клиниката за неврологија и тројца на Очната клиника. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 10 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациент со симптоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 21 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

 

 

Поврзани содржини