ОПЕЛ ГО ТЕСТИРАШЕ НОВИОТ GRANDLAND PLUG-IN HYBRID Поминува до 1.115 километри со полн резервоар и полна батерија

Но, помисливме: ајде да видиме што навистина може да направи автомобилот. Нашиот нов грандиозен SUV дефинитивно ќе ја пробие границата од 1.000 километри со полн резервоар за гориво и батерија, вели главниот инженер Дирк Камински чиј тим го тестираше возилото.

751

Опел го тестираше својот нов модел на SUV именуван Grandland Plug-in Hybrid кој, според компанијата, има перформанси на „шампион со долг опсег“. Меѓу наведените перформанси се дека возилото може да помине 1.115 километри со полн резервоар за гориво и со полна батерија, од кои 380 километри на електрична енергија со plug-in hybrid во GS ниво на опременост, како што се вели во соопштението, благодарение на регенеративното сопирање.

„Новиот Opel Grandland импресионира со својот атрактивен стил, револуционерни технологии, паметни решенија, многу простор и целосно електричната палета. Добитникот на наградата „Златен управувач 2024“е достапен како целосно електричен Grandland Electric, Grandland Hybrid со 48-V технологија и моќeн Grandland Plug-in Hybrid. Тимот на главниот инженер Дирк Камински, задолжен за Grandland, сега го стави на тест паметниот концепт на plug-in хибридниот погон. Неверојатните резултати ќе ги импресионираат компаниите и возачите на долги релации“, велат од Опел.






Дирк Камински смета дека новото возило ќе ја пробие границата од 1.000 километри со полн резервоар за гориво и полна батерија.

– Вредностите според WLTP се јасни: според официјалниот тест циклус, новиот Grandland Plug-in Hybrid овозможува опсег (комбинирано) до 897 километри, од кои до 87 километри на електрична енергија. Но помисливме: ајде да видиме што навистина може да направи автомобилот. Нашиот нов грандиозен SUV дефинитивно ќе ја пробие границата од 1.000 километри со полн резервоар за гориво и батерија. Да не заборавиме дека, Grandland е целосно произведен во Германија и излегува од производната лента во ултрамодерната фабрика во Eisenach. Го ставивме на тест во услови кои се реално и полоши отколку во официјалниот тест циклус – изјави главниот инженер.

Компанијата понатаму во соопштението раскажува како на тестот моделот поминал 1.115 километри под неповолни услови.

„Додека вредностите според WLTP се одредуваат на температури од околу 23оС, новиот Grandland Plug-in Hybrid тргна на ветровито и дождливо јануарско утро на свежи 11оС. Соодветно за сезоната со зимски пневматици од 19 инчи наместо летни пневматици со помал отпор на тркалање и во комплетното GS ниво на опременост. Единствениот услов беше: ‘SUV возилото да има полн резервоар за гориво и целосно наполнета 17,9 kWh батерија. Возиме сè додека не се испразнат резервоарот за гориво и батеријата“.

Каде се одржа пробното возиње на Grandland Plug-in Hybrid?

„Рlug-in hybrid возилото ги комплетира типичните возни рути од областа Rhine-Main околу Риселсхајм и Франкфурт до областа Rhine-Neckar и назад. Рутите вклучуваа автопат со слободно одвивање на сообраќајот, со сообраќајни застанувања и сообраќаен метеж, како и рурални патишта и градски сообраќај, вклучително и застанувања на семафори. Реален тест што ги одразува вистинските секојдневни барања на многу возачи на службени автомобили“, велат од Опел.

Од поминатите 1.115 километри со полн резевоар и полна батерија возилото ја искористило батеријата за 380 километри.

„Резултатот или растојанието што Grandland Plug-in Hybrid, кој испорачува моќност од 143 kW (195 КС) и 350 Nm максимален вртежен момент, го постигна со само едно полнење на резервоарот и на батеријата, ги надмина очекувањата на тимот на Opel: со просечна брзина од 80 km/h и високо ефикасна вкупна просечна потрошувачка на гориво од 4,6 km на 100 km. Новиот SUV помина вкупно 1.115 km во четири етапи (прекинати со паузи за исполнување на законските услови за придржување до времето на возење). Plug-in Hybrid возилото извозе нешто повеќе од една третина од вкупното растојание, или поточно 380 km, на електрична енергија и без емисија на штетни гасови“, се вели понатаму во соопштението.

Главниот инженер Камински тврди дека моторот со внатрешно согорување и електромоторот работат во „совршен тандем“.

– Фактот што Grandland постигнува такви извонредни вредности под овие околности, а на крајот на тестот температурите се спуштија на само 4оС, уште еднаш потврди дека создадовме автомобил кој е револуционерен во секој поглед со погонски концепт кој е целосно погоден за секојдневна употреба. Високо ефикасниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот работат во совршена хармонија – рече Камински.

Инженерот понатаму објасни кога возилото се префрла на електричен погон.

– Повеќе од тоа: секој пат кога ќе забавите, погонската единица се префрла на електрична енергија. Ова е можно затоа што регенерираната енергија се користи за електрично напојување на автомобилот што значи дека долгите дестинации може да се поминат со мали и средни брзини без емисии – вели Камински.

Според Опел, новиот модел овозможува заштеда на ресурси и е дел од концептот ‘Greenovation’ à la Opel.

„Затоа, новиот Opel Grandland Plug-in Hybrid е идеален избор за возење на електрична енергија при извршување на секојдневите активности, како службено возило за поминување на долги релации и за возачи кои сакаат да бидат особено ефикасни во однос на ресурсите и да не се вознемируваат за опсегот. Не само употребата на рециклирани материјали и отсуството на хром покажуваат што значи пристапот ‘Greenovation’ на Opel и одржливоста кај новиот грандиозен SUV. Тоа импресивно го покажуваат и резултатите од тестот“, порачува компанијата.

Во соопштението се спомнати и другите нови технологии кои ќе бидат достапни во новиот модел.

„Бројните други квалитети кај целосно новиот Grandland ги прават секојдневните службени патувања, како и долгите патувања уште попријатни: ергономските седишта сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR) обезбедуваат опуштено задоволство при возење. Патентираната ергономска карактеристика Intelli-Seat е стандардна кај сите предни седишта. Со технологии како што се Intelli-Lux HD светлата без отсјај, предниот екран Intelli-HUD или осветлената, проѕирна Pixel Box, возачите на Grandland се совршено опремени“, велат од Опел.

Главниот инженер Дирк Камински вели и дека не исклучува извозените 1.115 километри под оптимални да бидат надминати во некој иден тест што би следувал на почетокот на ова лето.

– На крајот од тестот, останува едно последно прашање: кое растојание би можело да помине новиот Grandland Plug-in Hybrid со полн резервоар и полна батерија под идеални услови за тестирање (на пример, на почетокот на летото)? Увидот што ние како тим го добивме до досега се извозени 1.115 километри: под оптимални услови, сигурно би било можно уште повеќе.

Поврзани содржини