Џонсон: Законот за Хонг Конг ја нарушува автономијата

Тој изјави дека, доколку Кина продолжи по овој пат, Велика Британија ќе им овозможи на оние што имаат британски прекуморски статус да живеат и работат во Велика Британија, а подоцна да аплицираат за државјанство. 

338

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека усвојувањето на законот за безбедност во Хонг Конг од страна на Кина го нарушил високиот степен на автономија на Хонг Конг и претставува закана за слободите и правата заштитени со Заедничката декларација од 1984 година.

– Усвојувањето и наметнувањето на овој закон за национална безбедност е јасно и сериозно кршење на кинеско-британската заедничка декларација – изјави Џонсон во Парламентот.






Според него, тој закон го крши високиот степен на автономија на Хонг Конг и е во директен конфликт со основниот закон на Хонг Конг.

Тој изјави дека, доколку Кина продолжи по овој пат, Велика Британија ќе им овозможи на оние што имаат британски прекуморски статус да живеат и работат во Велика Британија, а подоцна да аплицираат за државјанство.

Поврзани содржини