Џонсон подготвен да се повлече од преговорите со ЕУ
Од неговиот Кабинет изјавиле за весникот дека премиерот ќе ги прекине разговорите доколку ЕУ одбие да отстапи од „нечуените“ барања.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е подготвен да се повлече од преговорите со Европската унија доколку ЕУ не ги исполни британските барања, објави весникот „Сан“.
– Тој денеска ќе и соопшти на ЕУ дека не е за нагли потези, бидејќи е цврст во својата позиција дека е против единаесетчасовните барања за Брегзит што пристигнаа од Франција – пишува „Сан“.
Од неговиот Кабинет изјавиле за весникот дека премиерот ќе ги прекине разговорите доколку ЕУ одбие да отстапи од „нечуените“ барања.
Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Борис Џонсон попладнево телефонски ќе разговараат за трговскиот договор.