ЏОНСОН ПО ВТОР ПАТ ВО КИЕВ Тој на Зеленски му вети обука на 10.000 украински војници (ФОТО+ВИДЕО)

Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10.000 украински војници.

197

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во посета на Киев, ѝ понуди на Украина помош за обука на вооружените сили на земјата на територијата на европските земји.

Тој предложи да се спроведе голема операција за обука на украинските сили, која за 120 дена ќе овозможи обука на 10.000 војници.






фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS

Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10.000 украински војници.

Џонсон во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Британскиот премиер објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во Киев“.

фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS

Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.

Поврзани содржини