Џонсон: Израел и Палестина да го прекинат насилството

Непријателството меѓу Израел и движењето Хамас ескалираше и денеска, со најмалку 35 убиени во Појасот Газа и петмина во Израел, во досега најинтензивните борби во последните неколку години.

384

Велика Британија е загрижена поради ескалацијата на насилството и цивилните жртви во судирите меѓу Израелците и Палестинците, а премиерот Борис Џонсон ги повика денеска двете страни да ги намалат тензиите и да покажат воздржаност од натамошни судири.

„Британија е длабоко загрижена поради зголеменото насилство и цивилните жртви и бараме итно намалување на тензиите“, напиша Џонсон на Твитер.






Непријателството меѓу Израел и движењето Хамас ескалираше и денеска, со најмалку 35 убиени во Појасот Газа и петмина во Израел, во досега најинтензивните борби во последните неколку години.

Поврзани содржини