Џонсон: Изнаоѓањето вакцина може да трае со години, а можеби и никогаш нема да се случи
Во документот, тој ги предупредува Британците да носат заштитни маски на лицата во затворени простории, бидејќи, како што вели, коронавирусот ќе остане уште многу долго време помеѓу луѓето.
Изнаоѓањето вакцина против коронавирусот може да трае повеќе од една година, а можеби и никогаш нема да се случи, истакнува британскиот премиер Борис Џонсон во документот кој предвидува олабавување на мерките за заштита од ширењето на ковид-19, пренесе „Independent“.
Во документот, тој ги предупредува Британците да носат заштитни маски на лицата во затворени простории, бидејќи, како што вели, коронавирусот ќе остане уште многу долго време помеѓу луѓето.
„Ова не е краткорочна криза“, наведено е во документот од 50 страници под називот „План на Владата на Британија за обнова – стратегија за опоравување од ковид-19“.
„Ковид-19 највернојатно уште долго време ќе кружи околу луѓето, а тоа може да предизвика периодична епидемија“, наведено е во документот во кој се додава и дека не треба да се исклучи можноста во блиска иднина да се случи нов голем бран на епидемијата.
Владата на Велика Британија најави дека ќе воведе 14-дневен карантин за странците и додаде дека луѓето ќе мора да носат заштитни маски во затворени простории каде што социјалната дистанца не е возможна.