Џонсон: Излезот од „заклучувањето“ треба да биде разумен

Ова се податоци што треба да ги разгледаме и навистина да утврдиме што се случува - рече Џонсон.

262

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека излезот од „заклучувањето“ треба да биде разумен, со цел да се избегне ситуација кога мерките повторно ќе бидат затегнати.

Зборувајќи пред луѓето кои чекаат да ја примат вакцината против ковид-19, Џонсон рече дека клучното прашање е да се утврди до кој степен вакцинацијата предизвикува пад на инфекцијата.






– Ова се податоци што треба да ги разгледаме и навистина да утврдиме што се случува – рече Џонсон.

Запрашан за укинување на „заклучувањето“, тој рече дека е пресудно да се осигура дека се преземаат само разумни чекори, пропорционални на ситуацијата во која се наоѓа општеството.

– Училиштата се приоритет – истакна британскиот премиер. 

Поврзани содржини