Џонсон: Избегнувајте непотребни социјални контакти
Џонсон рече дека се става крај на социјалниот живот во петтата најголема економија во светот.
Британските граѓани треба да ги избегнуваат сите непотребни социјални контакти, јавни настани и патувања, нагласи денеска премиерот Борис Џонсон, остро критикуван за неговиот „млак“ одговор на епидемијата на новиот коронавирус поради кој во таа држава живот загубија 53 луѓе.
Џонсон рече дека се става крај на социјалниот живот во петтата најголема економија во светот.
– Сега е време сите да го прекинат непотребните контакти со другите и сите непотребни патувања – рече Џонсон на прес-конференција на Даунинг стрит.
На прашањето дали ќе нареди затворање на пабови, клубови и театри, Џонсон рече дека нема, но се надева дека граѓаните ќе заземат одговорен пристап.
– Треба да избегнувате пабови, клубови, театри и други такви места – рече тој.
ФОТО: EPA / ANDY RAIN