Премиерот на Британија, Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс, на својот син кој се роди на 29 април му го дадоа името Вилфред Лори Николас.
Симондс појасни дека бебето е крстено во чест на нивните дедовци и двајцата доктори кои го лекуваа британскиот премиер од ковид-19.
„Не можеме да бидеме посреќни, нашите срца се полни“, напиша Симондс на Инстаграм, споделувајќи фотографија од новородениот син.