Џонсон беше „само уште еден пациент“, вели медицинска сестра од Нов Зеланд (ВИДЕО)
Џени Мекги беше пофалена од страна на премиерот за стоењето крај креветот „кога работите можеше да преминат на кој било начин“ додека беше на интензивна нега поради коронавирусот.
Британскиот премиер Борис Џонсон беше само „уште еден пациент за кој се обидовме да дадеме се од себе“, рече медицинската сестра oд Нов Зеланд, заслужена во помагањето за спасување на неговиот живот, пренесе „ВВС“.
Џени Мекги беше пофалена од страна на премиерот за стоењето крај креветот „кога работите можеше да преминат на кој било начин“ додека беше на интензивна нега поради коронавирусот.
Таа рече дека не очекувала дека ќе ја спомне, велејќи дека останала во „шок“.
Таа инсистираше на тоа дека премиерот Џонсон не добил посебен третман и „апсолутно било потребно“ да биде на интензивна нега.
Во меѓувреме, Луис Питарма, другата медицинска сестра на која специјално и се заблагодари премиерот, рече дека се чувствува „прилично чудно“ при грижата на Џонсон, затоа што никогаш порано не се грижела за некој со толку висок профил.
Говорејќи за „Television New Zealand“ (TVNZ), Мекги рече дека не е била привилегирана со лекување на премиерот, додавајќи дека тоа е „само уште еден ден во канцеларијата“.
– Како единица тој беше само уште еден пациент за кој се обидовме да дадеме се од себе – рече таа.
– Ние го сфаќаме многу сериозно секој кој доаѓа на интензивна нега, овие пациенти кои доаѓаат кај нас, тоа е многу застрашувачко нешто за нив, па не го сфаќаме тоа лесно – вели Мекги.
Таа рече дека тие неколкупати разговарале и дека Џонсон се заинтересирал од каде потекнувам и која е нејзината приказна.
Мекги, која работи на интензивна нега веќе 10 години, рече дека е многу жално да се гледа како некои пациенти починуваат без нивните семејства, нарекувајќи го „најтажниот дел“ од нејзината работа.
Таа рече дека медицинските сестри се задоволни што им нудат малку утеха на овие пациенти со „држење рака“, кога вирусот ги прави „небезбедени“ за некои најблиски да ги посетат.
Медицинските сестри, исто така, мораат да бидат со „студена глава“ во стресни ситуации и да им дадат приоритет на добивањето на пациентите „преку ноќ“, додаде таа.
Борис Џонсон беше отпуштен од болницата „Свети Томас“ во Лондон на 12 април, една недела откако беше примен на лекување поради коронавирусот.
Тој поминал неколку ноќи во одделението за интензивна нега, каде му била дадена кислородна поддршка.
Во видео пораката откако беше отпуштен, тој рече дека во болницата бил спасен неговиот живот, без никакво прашање и специјално се заблагодари на Мекги и друга медицинска сестра, Луис Питарма од Португалија.