Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека доколку луѓето не ги слушаат советите на Владата за социјално дистанцирање, ќе мора да се воведе полицики час и ограничување на патувањата поради спречување на ширење на новиот коронавирус.
Во Велика Британија затворени се пабовите, клубовите и вежбалниците, но социјалните мрежи се преплавени со фотографиии од граѓаните кои се собираат во парковите и пазарите.
– Останете на оддалеченост од два метра. Тоа не е толку тешка работа. Направете го тоа. Во спротивно ќе мора да воведеме понатамошни мерки – истакна Џонсон.
Британскиот министер за заедниците Роберт Џенрик изјави дека Владата писмено бара од најзагрозените граѓаи да останат дома во следните 12 недели со цел да се заштитат од Ковид-19.
Во Велика Британија од почетокот на ширењето на новиот коронавирус починаа 281, додека 5.683 луѓе се инфицирани.