Онлајн првоаприлски маскенбал во Ресен, најсмешните маски ќе бидат наградени

Акцијата се организира во соработката со „Кловн Заги“ и во пресрет на Меѓународниот ден на шегата 1 Април.

348

Јавната општинска установа Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен објави јавен повик за учество на натпревар „Избор на најубава онлајн шеговита маска“.

Акцијата се организира во соработката со „Кловн Заги“ и во пресрет на Меѓународниот ден на шегата 1 Април.






– Сакаме да внесеме позитивна енергија и барем малку да го отргнеме вниманието во овие тешки моменти на борба против КОВИД-19. Изборот на „Онлајн маска“ почнува денеска, а децата имаат задача да изработат маска од материјали што ги имаат дома. Порачуваме да бидат креативни и да се чувствуваат забавно. Потоа родителот треба да ја постави фотографијата од изработената маска на својата фејсбук-страница, а гласањето за објавените шеговити маски или „лајкување“ ќе се врши до 3 април, до 17 часот – појаснуваат организаторите.

ЈОУ Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен врз основа на гласањето (лајковите), за 10 шеговити онлајн маски, односно на децата што ќе ги изработат, ќе додели соодветни награди веднаш по завршувањето на кризната ситуација со вирусот корона.

Поврзани содржини