Онлајн-промоција на „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ

Авторката Тодоровиќ вели дека долго време го истражувала историското богатство на Скопје со цел соодветно да ја конципира книгата.

400

На фејсбук-страницата на „Литература.мк“ вечер од 19 часот онлајн ќе биде промовирана интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, издание на „Либи“ – „Арс Ламина – публикации“.

Авторката Тодоровиќ вели дека долго време го истражувала историското богатство на Скопје со цел соодветно да ја конципира книгата. „Мистериозниот град под калето“ е прва од серијалот книги за деца „Скопје од А до Ш“ и го обработува османлискиот период на главниот град.






– Со овој период, всушност, ја почнувам авантурата за Скопје. За оној дел пред Османлиската Империја, за време на Византија има многу малку податоци и затоа се одлучив да почнам од периодот на Скопје под османлиска власт. Серијалот е замислен така што секоја книга ќе обработува различни историски периоди на градот. Понатаму дејството би продолжило во втората книга за Скопје во време на Кралството СХС, постземјотресно Скопје и приказната би се заокружила со модерно Скопје, вели авторката Тодоровиќ.

Поврзани содржини