ОНЛАЈН НАСТАВАТА Е МЕЧ СО ДВЕ СЕЧИЛА Наставата на далечина ги штити учениците од вирусот, но го влошува менталното здравје

Намалувањето на социјалните интеракции кај децата се одразува на менталното здравје и може да е една од причините за развој на депресија и анксиозност.

228

Пандемијата која започна во март минатата година донесе големи промени во нашите животи. Промените подразбираа изолација, карантин и адаптација на работните места и наставата во училиштата. Поради драстичните промени на секојдневното живеење  децата и младите се соочија со низа потешкотии. Училиштата ги затворија вратите последното тромесечје и наставата премина во настава на далечина со низа адаптации. За децата тоа стана новото нормално, а за некои тоа сè уште трае. Има училишта кои сè уште функционираат со онлајн настава и има ученици кои поради кревкото здравје останаа дома да следат настава на далечина.

Наставата на далечина покрај предноста која ја нуди како заштита на здравјето и намалување на трансмисијата на вирусот, истовремено влијае врз менталното здравје на учениците и родителите.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини