ОНЛАЈН НАСТАВА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Во Тетово и Гостивар две недели, а во Кичево и Струга една недела
Од владата информираа дека причина за ваквата одлука е ситуацијата со вирусот во овие општини.
Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите седум дена во Кичево и Струга.
Владината прес-служба информираа дека причина за ваквата одлука е ситуацијата со вирусот во овие општини.
– По овој период ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.
На денешната седница е дополнет и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголеми бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите од 0 до 2 години.