„ОНЛАЈН МЕДИА“ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ Здружението го осудува СДСМ за нападите врз медиумите
Здружението на електронските медиуми бара извинување и почитување на слободата на медиумите.
Здружението „Онлајн медиа“ остро ја осуди прес-конференцијата на СДСМ, на која партискиот портпарол јавно ги дискредитираше медиумите членки на здружението на електронските медиуми.
„Потегот на СДСМ е само одраз на едно мрачно минато на таа партија, кога постојано јавно напаѓаше медиуми. СДСМ мора да се демократизира и да сфати еднаш засекогаш дека слободата на изразување и слободното работење на медиумите е нивно неприкосновено демократско право. Најмалку што треба да стори СДСМ е јавно да се извини“, се наведува во реакцијата од „Онлајн медиа“.
Здружението апелира дека политичките партии треба да ја почитуваат улогата на медиумите како независен стожер на демократијата и да се воздржат од јавни напади и дискредитации.