Онлајн ќе се гледаат и претстави од „Театар комедија“

764

На својата фејсбук страница, тимот на НУ „Театар комедија“ објави дека дел од нивниот репертоар ќе биде достапен онлајн.

– Почитувана публико,






Со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, од утре со почеток во 20 часот Театар Комедија стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави.

Во текот на утрешниот ден ќе објавиме која претстава ќе може да ја погледнете утре во 20 часот на нашиот YouTube-канал, кој ќе биде достапен од утре.

Останете дома, почитувајте ги препораките и останете во добро расположение со нас! – се вели во соопштението.

фото: Фејсбук – НУ Театар комедија

Поврзани содржини