ОНКОЛОЗИТЕ ГИ ОТКРИВААТ СВОИТЕ СЕКОЈДНЕВНИ НАВИКИ СО КОИ ГО ЧУВААТ ЗДРАВЈЕТО Дури 42 проценти од канцерите може да се спречат

Иако голем број на канцери се резултат на фактори на кои не можеме да влијаеме, се проценува дека дури 42 проценти од новите случаи потенцијално можат да бидат спречени.

826

Иако голем број на канцери се резултат на фактори на кои не можеме да влијаеме, се проценува дека дури 42 проценти од новите случаи потенцијално можат да бидат спречени. Она што е особено важно е дека навиките што го намалуваат ризикот од рак, исто така, го подобруваат општото здравје.

Бројни студии ја поврзаа ултра-преработената храна со зголемен ризик од развој на рак, како и други здравствени проблеми. Ова се намирници со долг рок на траење кои често содржат состојки што не се користат во традиционалната подготовка на храна, како што се вештачки ароми, засладувачи, бои и емулгатори.






Токму затоа Ернест Хок, доктор по медицина, доктор на науки и потпретседател на Одделот за превенција на рак на Универзитетот во Тексас, во интервју за медиумите нагласи дека многу се труди да јаде помалку преработена храна и повеќе овошје и зеленчук со секој оброк.

Д-р Хок, исто така, вели дека пред пет години имал 14 килограми прекумерна тежина, но свесно работел на губење на тежината и одржување на таа тежина. Ова, вели тој, значело помалку потпирање на преработена храна и храна од ресторани, а повеќе на оброци направени од свежи состојки, со акцент на овошје и зеленчук.

Денес, вели тој, поминува многу повеќе време во делот за свежи производи во продавницата за храна, готви повеќе дома и носи оброци на работа. Тој вложува свесен напор да биде физички поактивен секој ден, правејќи неколку круга на болничките катови за време на паузите на работа. Неговата порака е едноставна: „Започнете што порано, живејте посвесно и пренесете ги тие навики на луѓето околу вас“.

„Посветеност на менталниот мир“

Редовната физичка активност и избегнувањето на преработена храна се исто така важни за Антон Џ. Билчик, хируршки онколог и директор на програмата за дигестивни заболувања во Институтот за рак „Providence Saint John’s“ во Калифорнија. Но, тој исто така ја нагласува важноста од намалувањето на стресот.

Познато е дека стресот и нарушувањата на спиењето имаат силно влијание врз имунолошкиот систем и микробиомот, што може да го зголеми ризикот од рак и кардиоваскуларни заболувања.

– Спиењето и стресот се моите најголеми предизвици. Не можам да ги контролирам сите извори на стрес, но се обидувам да правам што можам. Почнав да вежбам техники на дишење и медитација, дури и помеѓу тешките операции. Да ми кажеше некој порано дека ќе користам апликации за медитација, немаше да му верувам! Кога не сум на работа, навистина се исклучувам и се одмарам. Престанав да проверувам е-пошта во текот на одморот.

Неможноста да се „исклучам“ е еден од големите проблеми на современиот начин на живот и придонесува за стрес и лошо здравје“, вели д-р Билчик.

„Вежбам најмалку четири пати неделно“

Според американските Центри за контрола и превенција на болести, физички активните возрасни лица имаат значително помал ризик од развој на неколку вообичаени видови рак, вклучувајќи рак на дојка, дебело црево, матка, бели дробови и желудник.

Затоа е важно редовното вежбање, вели Кристина Тил, професор по хирургија и директорка на Центарот за нега на дојки на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Таа се обидува да вежба најмалку четири дена во неделата, а по можност пет.

Нејзините тренинзи вклучуваат вежби со лесни тежини и движења кои активираат големи мускулни групи, како што се нозете, стомакот и задникот, што придонесува за здравјето на коските и го забрзува метаболизмот.

Кога не прави вакви тренинзи, трча околу четири километри или оди на долги прошетки. Покрај тоа, таа се обидува да прави што е можно повеќе чекори секој ден, обидувајќи се да достигне 10.000.

– Дури и кога сум премногу уморна, барем одам на брза прошетка, бидејќи секогаш се чувствувам подобро потоа – истакнува докторката.

„Живеам според она што им го советувам на другите“

Постојат многу начини да го намалите ризикот од рак, а Џек Џакуб, онколог и медицински директор на Институтот за рак Memorial Care во Калифорнија, се обидува да ги имплементира во својот секојдневен живот.

За него, сè започнува со одржување на здрава телесна тежина, бидејќи дебелината е силно поврзана со развојот на одредени видови на рак. Тој редовно вежба, комбинирајќи јога, тренинг за сила и кардио вежби. Не консумира алкохол, не пуши и го ограничува внесувањето на црвено и преработено месо, бидејќи постои јасна врска помеѓу овие намирници и одредени видови на рак.

– Доследноста во навиките е основа на превенцијата и подобро здравје на долги стази. Јас живеам онака како што ги советувам другите – вели онкологот.

Поврзани содржини