ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД 4 АВГУСТ ЌЕ ЈА ЗЕМААТ ТАБЛЕТАРНАТА ТЕРАПИЈА ОД АПТЕКИТЕ Треба да земат рецепт од матичниот лекар
За хормонската инјекција „ресилиго“, во текот на идната недела ќе се знае каде ќе можат пациентите да ја примат.
Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија за МИА директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.
– Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога ќе можат пациентите на рецепт да ја подигнат терапијата од аптека. Пациентите треба да земат извештај од онколог, потоа на матичен лекар да земат рецепт, а од таму во аптека да ги подигнат лековите. Партиципацијата ќе биде околу 50 денари – истакнаа директорите на ФЗО.
Во врска со хормонската инјекција „ресилиго“, која ја примаат онколошките пациенти, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски за МИА изјави дека тие пациенти во текот на идната недела ќе бидат известени кога и каде ќе можат да ја примат терапијата.