ОНКОЛОГИЈА ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО, ТВРДИ ДИРЕКТОРКАТА КЛИСАРОВА И покрај претресите и приведувањата, течат редовните прегледи
Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.
Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира за МИА директорката на Клиниката Виолета Клисарова.
За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.
Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.
Како што инфромиравме претходно, утринава полицијата врши претреси кај лекари од Клиниката за онкологија.
Според дел од медиумите приведен е поранешниот директор Нино Васев поради сомнение за 7 кривични дела, а исто така, приведена е и секретарката на поранешниот економски директор.
Полицијата, според нашите извори на Васев му го одзела и мобилниот телефон.
Претходно објавивме дека има и лица кои се во бегство.
ПОЛИЦИЈА ЈА ТРЕСЕ ОНКОЛОГИЈА Приведени се лекари, некои од нив побегнале од државата