ОНКОЛОГИЈА ЌЕ РАБОТИ ВО 2 СМЕНИ До 20 часот ќе се дава терапија за пациентите

159

Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф. д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница.

Целта е да се намали гужвата во дневната болница, која е идентификувана како еден од најсериозните проблеми, како и да се обезбеди соодветен третман на оваа ранлива група пациенти во институцијата која третира најголем број малигни заболувања и е единствена во терциерното здравство од овој тип.






Пациентите до 20 часот во втора смена отсега ќе може да ја добијат оваа здравствена услуга во дневната болница.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера најави дека работи на отворање онколошко одделение во ГОБ „8 Септември“, кое се очекува да профункционира за неколку недели, со цел да се растовари работата на Клиниката за онкологија.

Поврзани содржини