ОНИШЧЕНКО ТРГУВАЛ СО ГАС УШТЕ ВО ВРЕМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ Милошоски го праша Ковачевски дали воопшто бил информиран за Украинецот (ВИДЕО)

За да носи гас во Македонија, коњичкиот спорт е само фасада. Онишченко има ангажирано адвокатска куќа во Македонија за да се занимава со увоз, извоз и трговија на гас. Тоа многу добро го знае и Ковачевски, ама не смее да зборува поинаку од тоа што му го кажале Зоран Заев и Виктор Димовски, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

772

Дали во изминатите 5 месеци откако сте назначени за премиер сте биле информирани за македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко, односно дали директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ве информираше за овој случај?

Ова прашање на денешната собраниска седница за пратенички прашања му го постави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на премиерот Димитар Ковачевски, кој, пак, одлучи да не одговори директно на прашањето.






– Ковачевски морал да биде информиран дека му е доделено македонско државјанство на Онишченко, бидејќи тој е четврти на црната листа на САД, посочен како разузнавач на рускиот претседател Владимир Путин. А ако никој не го информирал дека украинскиот олигарх добил македонско државјанство, тогаш Ковачевски бадијала е премиер. Тука не се работи за студент од Португалија којшто игра фудбал, се оженил во Македонија и не мора премиерот да знае дека добил македонско државјанство. Во случајот со Онишченко се работи за еден од најблиските разузнавачи на Путин – изјави Милошоски од собраниската говорница.

Онишченко има воспоставено врски уште во времето кога премиер во Македонија е Зоран Заев, додаде тој.

– За да носи гас во Македонија, коњичкиот спорт е само фасада. Онишченко има ангажирано адвокатска куќа во Македонија за да се занимава со увоз, извоз и трговија на гас. Тоа многу добро го знае и Ковачевски, ама не смее да зборува поинаку од тоа што му го кажале Зоран Заев и Виктор Димовски – рече Милошоски.

Поврзани содржини