Оние што ни ги уништија надежта и иднината, повторно ни се нудат за спасители
Нека не ве лажат повиците на најголемите партии за обединување. Обединување под нивна капа значи само пропаст во која сите ќе учествуваме и ќе си го потпишеме својот крај.
Историјата сакала секогаш да се бориме против најголемите и најмоќните. Помалубројни, шибани од сите страни, од соседи, од домашни, од светот. И да не потклекнеме ни пред Отоманската империја, ни пред германската и прeд бугарската фашистичка окупација и да опстоиме, дур тие што нè угнетуваа не заминаа во историјата.
Она што нашите претци во ропство го добиваа и го чуваа, го губиме ние во мир. Обезличени, раселени, осиромашени, обезвреднети од своите, останаа да нè продаваат и да нè купуваат ко стока, само за нивна власт.
Оние кои нè осиромаштија, ни ги уништија и животот и надежта и иднината, повторно и повторно ни се нудат ко спасители. А спасот е во нас. Во секого. Во секој акт на непокор кон властите. Непокорот е аманет и должност на секој.
Нека не ве лажат повиците на најголемите партии за обединување. Обединување под нивна капа значи само пропаст во која сите ќе учествуваме и ќе си го потпишеме својот крај.
Подобро смрт на нозе отколку живот на колена!
Честит Илинден! Борбата допрва следува.
(ФБ статус на авторот)